• понеделник, 16 декември 2024

Албанија како претседавач со Јадранската повелба, ќе се залага за зголемување на соработката во Западен Балкан и членството на Косово

Албанија како  претседавач со Јадранската повелба, ќе се залага за зголемување на соработката во Западен Балкан и членството на Косово


Тирана, 25 септември 2024 (МИА) - Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на средбата организирана од албанското претседателство со земјите-членки на Американско-јадранската повелба (А-5), истакна дека Албанија останува решена да промовира мир и стабилност, охрабрувајќи на дијалог и зголемување на соработката во Западен Балкан, објави АТА.

Toj додал дека Албанија е "силен застапник за европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан“.

Истакнал дека за Албанија, како претседавач со Јадранската повелба, спроведувањето на политиката на отворени врати останува клучен приоритет.

-Позитивниот одговор на долгогодишното барање на Косово за членство е клучен и задоцнет чекор што мора да се реши што е можно поскоро, порачал Хасани. 

На состанокот учествувале земјите членки и набљудувачи на Јадранската повелба, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, САД, потоа Косово и Србија како набљудувачи и Словенија, поканета.


-На Работната средба  организирана на високо ниво на ОН, беше високо оценет фокусот на Албанија да ја води иницијативата, а дискусиите се фокусираа на случувањата во регионот и натамошното зајакнување на соработката наспроти заедничките безбедносни предизвици, наведува Агенцијата.


Посолува дека американско-јадранската повелба (САД-Јадранска повелба) е безбедносна политичка иницијатива со регионален карактер, однапред договорена на Самитот на НАТО во Прага (ноември 2002 г.), меѓу претседателите на Албанија, Хрватска, Македонија и САД. потоа се прошири со Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде Косово, Словенија и Србија имаат статус на набљудувачи. вт/
Фото: Хасани ФБ

Остани поврзан