• петок, 08 ноември 2024

Албанецот Аслани го продолжи договорот со Интер

Албанецот Аслани го продолжи договорот со Интер


Милано, 17 септември 2024 (МИА) – Албанскиот фудбалер Кристијан Аслани (22) го продолжи договорот со Интер, соопшти италијанскиот првак.
Аслани, како што се наведува во клупското соопштение, ја продолжи соработката со Интер за уште една година, до 2028.
Албанскиот фудбалер дојде во Интер од редовите на Емполи, а за миланскиот тим одигра 64 натпревари во сите конкуренции и постигна еден гол.
Аслани дебитираше за албанската репрезентација во 2022 година и досега за националниот тим одигра 25 натпревари. ег

Остани поврзан