Алавес го отпушти тренерот Абелардо
- Раководството на шпанскиот прволигаш Алавес му врачи денеска отказ на тренерот Абелардо Фернандез поради лоши резултати.

Мадрид, 5 април 2021 (МИА) – Раководството на шпанскиот прволигаш Алавес му врачи денеска отказ на тренерот Абелардо Фернандез поради лоши резултати.
Алавес во последните 13 натпревари оствари само една победа, две нерешени и дури 10 порази во сите натпреварувања и е последнопласиран во Ла Лига со 23 бодови, три помалку од зоната која обезбедува опстанок во прволигашката конкуренција.
Абелардо се врати во Алавес пред два месеци, а претходно го водеше клубот неколку сезони. Под негово водство Алавес обезбеди опстанок во Ла Лига во сезоната 2017/18, а следната сезона го освои 11 место.
-Депортиво Алавес и Абелардо ги раздвојуваат своите патишта. Од овој понеделник, клубот и астурискиот тренер ја окончуваат врската која ги обедини во јануари, се вели во клупското соопштение.ег/