Алавес го отпушти Гаритано, клубот ги загуби последните пет натпревари
- Асиер Гаритано го напушти повеќе не е тренер на Алавес, објавено е на официјалната веб-страница на шпанскиот фудбалски прволигаш.

Виторија-Гастиз, 5 јули 2020 (МИА) - Асиер Гаритано го напушти повеќе не е тренер на Алавес, објавено е на официјалната веб-страница на шпанскиот фудбалски прволигаш.
Педесетгодишниот Шпанец заедно со тренерскиот штаб доби отказ поради незадоволителните резултати. Тимот загуби пет натпревари во низа и по 34 кола од Ла Лига го зазема 15-то место на табелата.
Гаритано го водеше Алавес од 21 мај 2019 година. зс/