• вторник, 26 ноември 2024

Алаба може да стане најскапо платен фудбалер на Ливерпул

Алаба може да стане најскапо платен фудбалер на Ливерпул
  Лондон, 9 февруари 2021 (МИА) – Англискиот првак Ливерпул е подготвен да му предложи 400.000 фунти неделна плата на дефанзивецот Давид Алаба за негов трансфер од Баерн Минхен, јавуваат денеска британските медиуми. Алаба со сигурност ќе ги напушти редовите на актуелниот европски првак на крајот на сезоната кога му истекува важечкиот договор, а за неговите услуги се заинтересирани и Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид, Лондонскиот весник „Телеграф‘ пишува дека Ливерпул е подготвен по секоја цена да го донесе Алаба, подготвувајќи договор што би го направил најплатен играч во тимот на Јирген Клоп. Највисоки примања во актуелниот состав на англискиот првак имаат Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк, чии неделни примања изнесуваат половина од сумата што би ја заработувал Алаба. Одлуката за новиот клуб на австрискиот репрезентативец се очекува да биде позната во следните неколку недели. ег/

Остани поврзан