Акција „Пошумуваме заедно за позелено утре“
- Во скопското село Миладиновци денеска ќе биде спроведена акција за пошумување под мотото „Пошумуваме заедно за позелено утре”.

Скопје, 27 ноември 2022 (МИА) – Во скопското село Миладиновци денеска ќе биде спроведена акција за пошумување под мотото „Пошумуваме заедно за позелено утре”.
Акцијата е организирана од компанијата „ДМ Дрогерие Маркт“, со поддршка од Национални шуми, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.
Организаторите најавуваат дека на акцијата ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, деканот на Шумарскиот факултет, претставници на Национални шуми и на компанијата „ДМ Дрогерние Маркт“. свс/бак/