• среда, 27 ноември 2024

Акција „Ова е Македонија за сите“ на ВМРО-ДПМНЕ: Го пренесуваме гласот на народот и го исполнуваме тоа што го ветуваме

Акција „Ова е Македонија за сите“ на ВМРО-ДПМНЕ: Го пренесуваме гласот на народот и го исполнуваме тоа што го ветуваме

Скопје , 30 април 2023 (МИА) - Во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“, партиската потпретседателка Гордана Димитриеска Кочоска ги посети Тумчевиште, Галате, Вруток и Беловиште, каде со граѓаните разговараше за нивните проблеми, но и за решенија кои ќе влезат во програмата на партијата.

- Доаѓаат парламентарни избори, ние сме со граѓаните, ние го пренесуваме гласот на народот и во Собрание и секаде каде што можеме и во исто време спремаме програми кои ќе бидат прифатливи за нашите граѓани, рече Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и го реализира, порачувајќи им на граѓаните да не губат надеж затоа што во земјава има потенцијал и луѓе кои знаат како да ја извадат на вистинскиот пат, кој ќе значи подобар живот за секого.

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски беше во посета на општина Старо Нагоричане, каде со граѓаните разговараше за нивните проблеми.

Петрушевски истакна лоши услови во кои живеат ги тераат граѓаните да се иселуваат. 

- Ваквите супстандардни услови ги одвраќаат граѓаните и се почесто се иселуваат. Македонија е секој еден граѓанин и мора заеднички да ја поразиме оваа однародена власт предводена од ДУИ, а поддржана од СДС, за да можеме заедно со народот да ја вратиме надежта и да направиме економска преродба на Македонија, нагласи Петрушевски.

Тим предводен од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска ги посети селата Лажани, Браилово и Пешталево во Општина Долнени, која при тоа оцени генерално жителите се многу незадоволни од негрижата како на централната, така и на локалната власт.

Според неа, жителите на овие села кои се занимаваат со земјоделие, претежно со тутунопоизводство, имаат сериозни проблеми, меѓу другото и со исплата на субвенциите.

- Не веруваат во бајките на Артан Груби за Коридорот 8 или во басните на Фатмир Бесими за тоа дека економијата ќе напредува. Многу добро знаат колку им стигаат нивните финансии, така што не веруваат во ниту една лага на актуелната власт и се подготвени час поскоро да се случат парламентарни избори и да го кажат нивниот одговор, рече Стојаноска.

 

сп/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан