• четврток, 19 декември 2024

Акција на косовската полиција на север, затворени пет паралелни српски општини

Акција на косовската полиција на север, затворени пет паралелни српски општини

Приштина, 30 август 2024 (МИА) – Косовската полиција денеска објави дека спровела акција за затворање на објекти користени од паралелни структури управувани од властите во Србија во косовските општините на северот од земјата, населен со мнозинско српско населени, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во врска со акцијата, министерот за локална самоуправа во косовската Влада, Елберт Красниќи објави дека се затворени пет паралелни општини.

Красниќи на неговата страница на Фејсбук напиша дека сега веќе нема да функционираат паралелните општини: Округ Косовска Митровица, паралелната општина Митровица, како и општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

„Денеска, по блиска координација меѓу институциите на Република Косово, затворени се паралелните нелегални институции на локалната самоуправа, кои работеа по директиви на Србија, кршејќи ја уставноста и законите на Република Косово, напиша Красниќи.

Косовскиот министер, кој доаѓа од редовите на партиите на немнозинските заедници во Косово, порача дека „институциите на Република Косово нудат услуги за сите граѓани, без разлика на нивната припадност“.

„Тие се вистинската адреса за сите барања и потреби на нашите граѓани. Остануваме посветени на што е можно повеќе услуги со највисок квалитет. Граѓаните, без никаква разлика, имаат точна адреса каде можат да ги добијат општинските услуги, а на паралелните структури им е јасно дека не можат да работат надвор од законската рамка на Република Косово. Во ниту еден простор на нашата Република нема место за незаконско работење и паралелни служби“, порача Красниќи.

Во меѓувреме, во соопштение на косовската полиција, се наведува дека акцијата се одвивала во пет згради.

Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека во канцелариите кои денеска се затворени се издавале фалсификувани документи.

Протестирајќи пред полицијата во акцијата на север, српскиот политичар Александар Арсенијевиќ изјави дека српските граѓани се плашат од присуството на косовската полиција.

„Што ќе правиме без центарот за социјална работа, без општинското јавно претпријатие, без другите институции од витално значење за Србите кои нудат заштита и помош на граѓаните на кои им е потребна“, рече Арсенијевиќ.

Тој ги повика Србите „да не станат плен на провокации бидејќи тоа го бараат властите во Приштина“.

Косовските власти пред неколку месеци затворија други седум паралелни општини: во Призрен, Пеќ, Сува Река, Исток, Клина, Раховец и Драгаш.иа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан