Акција за пошумување во општина Илинден
- СООПШТЕНИЕ - Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“.
Скопје, 4 декември 2024
Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 2000 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење.
Заедно со општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација, се сади покрај пешачко-велосипедските патеки, покрај улици, патишта, училиштата, детската градинка, спортските терени, пределот на Ајватовски рид и други јавни површини.
На акцијата за пошумување присуствува и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока во општина Илинден се почесто ќе се спроведуваат акции за пошумување. Со реализацијата на овој проект се залагаме за еколошки почиста општина, како и подигнување на еколошката свест. Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.
Градоначалникот Георгиевски упати и голема благодарност до општествено одговорните компании ОКТА, ТАВ, Пекабеско, Дени Интернационал, НИКИ Инвест, МАН, Мулти Пром, Компанија Атанасовски, кои ја покажаа грижата за екологијата преку донирање на овие садници.
Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.
Општина Илинден
Фото: Општина Илинден
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.