• четврток, 26 декември 2024

Акција за подводно чистење на Дојранското Езеро

Акција за подводно чистење на Дојранското Езеро
Гевгелија,10 мај 2021(МИА) - Дваесет нуркачи од повеќе градови од земјава, во организација на Македонско-хрватското друштво и еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“, викендов подводно го чистеа Дојранското Езеро од пластичен и друг вид отпад во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадување на водата“. Организаторите велат дека основна цел на проектот била да да се подигне свеста за екологијата и чување на природните богатсва во земјава како извор на здрава животна средина, а специфичната цел е подводно чистење од отпад и особено од рибарски мрежи во кои рибите угинуваат. Имплементацијата на проектот почнала уште на 21 март и досега биле реализирани акции за чистење на реката „Пена“ месноста „Бањиче“ и езерото „Матка“ и дека до крај ќе се реализираат уште две акции за подводно чистење на езерото „Младост“ во Велес и на Мавровско езеро. Проектот е финансиски помогнат од програмата на Цивика мобилитас за поддршка на граѓанското општество. им/ар/

Остани поврзан