Акустичен концерт на групата „Културно-уметнички работници“
- Во Културно информативниот центар Скопје, вечер ќе се одржи акустичен концерт на Културно Уметнички Работници.

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Во Културно - информативниот центар Скопје, вечер ќе се одржи акустичен концерт на рок групата „Културно-уметнички работници“.
Групата „Културно-уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе барот „Браво" помеѓу членовите на групите „Тотално Опуштање", „No Name Nation", „Бомбашки Процес", „Жолтица на Бродот Баунти" и „Рок Агресори". дма/вг/
Фото: Плакат