АКТО ја продолжува мисијата на Мирко Попов за афирмација на младата македонска музика
- СООПШТЕНИЕ: Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура.

13 април 2024
Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура.
Во претпладневната програма, беше промовирана винил компилацијата, „Поп култура“, посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари, издание кое е реализирано во соработка со платформата „Силата ЕУ младите“, и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена.
Промоцијата ја проследи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во чиј програмски приоритети се младите. За неа, “Градот ме тера да пеам“ е извор за креативност и промотор на македонската уметност и култура.
Министерката за култура го поздрави настанот со кој урбаната култура му оддава почит на Мирко Попов, зашто како што вели организаторот, „Градот ме тера да пеам“ е песна на Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација и е една од бројните програми на Мирко за промоција на македонската музика, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО, како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура.
Вечерната програма од настанот кој е во рамки на проектот „Јавни простори во движење (кон) II“, започнува од 22 часот, а се состои од концертни настапи на младата генерација музичари и диџеи.
Министерство за култура
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Министерство за култура