• сабота, 06 декември 2025

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола. 

Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково и кај селото Вражале во општина Зелениково. 

Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот кај селото Трубарево во општина Гази Баба. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан