Активни два пожара на територија на општина Неготино
- Активни пожари на територијата на Општина Неготино се над АБХ Полигонот во правец на Штипско рамниште на планината Серта и во атарот на село Калањево на место викано Дуњица на непристапен терен. И на двата активни пожари гори висока шума (мешавина од даб, смрека и бор) како и сува трева, грмушки и нискостеблеста шума. Силите интервенираат од раните утринските часови, додадоа од ЦУК.

Неготино, 17 јули 2024 (МИА) - Два пожара се активни во моментов во неготинско, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи.
- Активни пожари на територијата на Општина Неготино се над АБХ Полигонот во правец на Штипско рамниште на планината Серта и во атарот на село Калањево на место викано Дуњица на непристапен терен. И на двата активни пожари гори висока шума (мешавина од даб, смрека и бор) како и сува трева, грмушки и нискостеблеста шума. Силите интервенираат од раните утринските часови, додадоа од ЦУК. свд/сст/
Фото : МИА архива