• четврток, 26 декември 2024

Ако добро си ја познаваме историјата, никој нема да осмели да ја преработи, смета потпретседателката Илијана Јотова

Ако добро си ја познаваме историјата, никој нема да осмели да ја преработи, смета потпретседателката Илијана Јотова

Софија, 25 мај 2022 (МИА/БТА) - Ако добро си ја познаваме историјата, никој нема да се осмелува да ја преработува да ги краде бугарските историски страници, да се обидува да ги доведе во заблуда нашите меѓународни партнери. Никој нема право да ни ја брише националната меморија, рече потпретседателката Илијана Јотова, на церемонијата на врачување награди на победниците во Националниот конкурс за ученици „Корените на моите претци од Македонија и Одринска Тракија“, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Конкурсот е организиран од Бугарското здружение на наследници од Македонија во партнерство со Историскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски“. Јотова ги поздрави учесниците за нивната вредна истражувачка работа. Учениците во две возрасни групи од цела Бугарија учествуваа со писмени текстови - есеи, документарен расказ, интервју. На доделувањето на наградите потпретседателката го истакна значењето на конкурсот во контекст на нерешените прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. - Има уште незавршена работа, треба поамбициозно да го градиме бугарското лоби на меѓународната сцена, рече потпреседателката.

Таа повторно потсети дека Бугарија ќе го крене ветото за почеток на преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, само кога земјата ќе добие категорични гаранции за почитување на правата на македонските Бугари.

Јотова истакна и дека во Бугарија не се знае доволно за борбите за слобода и независност на Бугарите во Одринска Тракија и Македонија. „Треба повеќе да се учи за нив на училиште, да им раскажеме повеќе на децата“, истакна потпретседателката. Јотова потсети на старата максима, дека кој не ја знае историјата, нема како да гради иднина. „Народ без минато е како дрво без корени - нема од каде да црпи животна сила, за да расте и да оди напред“, изјави таа.

Според потпретседателката, во таков тип конкурси учесниците не само што учат историски факти, туку се учат и на припадност кон припадност кон семејството и татковината.

БТА ________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан