• вторник, 24 декември 2024

АИ ги критикува белгиските власти поради состојбата во старските домови

АИ ги критикува белгиските власти поради состојбата во старските домови
Брисел, 16 ноември 2020 (МИА) - Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“ (АИ) оцени дека Белгија за време на пандемијата со Ковид-19 не ги почитувала основните човекови права на лицата кои претстојуваат во домовите за стари лица и тоа резултирало со голема стапка на смртност. - Белгија не ги исполни своите обврфски во поглед на човековите права и тоа имаше сериозни последици за голем број луѓе во домовите. Многумина не добиоја квалитетна здравствена заштита, а некои повозрасни лицанајверојатно поради тоа прерано починаа, се наведува во извештајот на АИ. АИ се повикува на извештајот од Лекари без граници, во кој се тврди дека за првиот бран на Ковид-19 дека 64 проценти од вкупно 6.200 смртни случаи биле во домовите за стари лица. Односно, 4.900 луѓе починале во старските домови без можност да бидат хоспитализирани и да ја добијатпотребната нега. АИ во извештајот посочува дека персоналот во домовите за стари лица во Белгија работел без соодветна лична заштита, инспекциите во домовите биле намалени, додека лекарите од општа пракса не сакале да ги посетуваат пациентите во домовите, а дементните лица биле физички или медицинси имобилизирани во поголема мерка од вообичаеното. Од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во Белгија починаа речиси 15.500 луѓе. ми/

Остани поврзан