Азну од Баерн во Евертон
- Младиот 19-годишен централен дефанзивец Адам Азну ќе ја продолжи кариерата во Евертон.
Ливерпул, 29 јули 2025 (МИА) – Младиот 19-годишен централен дефанзивец Адам Азну ќе ја продолжи кариерата во Евертон.
Англискиот клуб Евертон веќе го договори со минхенски Баерн трансферот на Азну, кој успешно ги мина медицинските прегледи во клубот од Ливерпул, објави денеска новинарот Кристијан Фалк.
Евертон ќе му плати отштета на германскиот шампион во износ од 7,8 милиони фунти за договорот, како и дополнителни 2,3 милиони фунти во бонуси.
Договорот вклучува клаузула дека Баерн ќе има приоритет пред другите клубови доколку одлучи во иднина да го врати мароканскиот репрезентативец роден во Шпанија.
Азну беше дел од академијата на Барселона, но се пресели во Баерн Минхен како тинејџер. Минатата пролет настапуваше како позајмен фудбалер во шпански Ваљадолид. Дефанзивецот досега има три настапи за Мароко. ег
ФОТО: Евертон/ Фејсбук