• среда, 28 август 2024

Азири: Нема барање за меѓународна истрага за монтираните случаи

Азири: Нема барање за меѓународна истрага за монтираните случаи
Скопје, 29 април 2022 Конечно, демаскирана е манипулацијата што ја направи претседателот на ДУИ, Али Ахмети и други функционери на оваа партија, за наводна меѓународна истрага за монтирани судски случаи, за време на владеењето на оваа партија, некогаш со ВМРО, а некогаш со СДСМ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиско гостување изјави дека побарал од САД да ги вклучат ЦИА и ФБИ во истрагата за случајот на 9-10 Мај во Куманово. Ахмети и експонентите на ДУИ постојано даваат вакви изјави за сомнителни случаи како политички монтирани. Законски, барања за меѓународна истрага на судски процеси поднесува Министерството за правда. Затоа, на последната седница за пратенички прашања, пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири директно го праша министерот за правда дали ова министерство во било кој случај испратило такво барање, како што изјавија функционери на ДУИ. Министерот за правда на експлициден начин рече дека вакви барања нема издадено од ова министерство.  Елми Азири, пратеник на Алијанса за Албанците ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан