• вторник, 24 декември 2024

Азербејџан упати критики до Франција поради притисокот и заканите го отповикувањето на амбасадорката

Азербејџан упати критики до Франција поради притисокот и заканите го отповикувањето на амбасадорката

Баку, 17 април 2024 (МИА) - Азербејџан денеска ја обвини Франција за притисок и закани врз земјата откако Париз ја отповика својата амбасадорка и ја обвини кавкаската земја за нарушување на билатералните односи.

Азербејџан во повеќе наврати ја критикуваше Франција поради поддршката на земјата за ривалската Ерменија во територијалниот спор меѓу двете соседни земји.

„Азербејџанската страна постојано и наведува на Франција дека зборувањето на јазик на закана и притисок нема да донесе никакви резултати и уште еднаш посочува дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите национални интереси“, се вели во соопштението на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, Ајхан Хаџизада.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отповика амбасадорката Ан Бојон во Париз за да разговара за односите со Азербејџан, соопшти вчера Министерството за надворешни работи во Париз. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан