• понеделник, 23 декември 2024

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Билунд, 20 април 2024 (МИА) - Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан