• петок, 05 декември 2025

Администрацијата на Трамп предложи намалување на буџетот за 163 милијарди долари во 2026 година

Администрацијата на Трамп предложи намалување на буџетот за 163 милијарди долари во 2026 година

Вашингтон, 2 мај 2025 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи следната година да се намали потрошувачката на федерално ниво за 163 милијарди долари, со што би се укинале повеќе од една петтина од буџетските средства, не вклучувајќи ги задолжителните програми за социјални давачки.

Трамп денеска објави предлог-буџет кој предвидува комбинација на намалувања на домашните програми во областа на јавното здравство, образованието и чистата енергија, истовремено барајќи зголемување на трошоците за безбедност на државните граници и зајакнување на војската, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Предлогот на 40 страници е упатен до лидерите на Конгресот, заедно со писмо од директорот на Канцеларијата за државна управа и буџет Расел Вот, адресирано до сенаторката Сузан Колинс, републиканка од Мејн, претседавачка на сенатскиот Комитет за апропријации. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан