• вторник, 24 декември 2024

„Адидас“ ја прекина соработката со Руската фудбалска федерација

„Адидас“ ја прекина соработката со Руската фудбалска федерација
Берлин, 1 март 2022 (МИА) – Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави денеска дека целосно ја прекинува соработката со Руската фудбалска федерација поради инвазијата на Украина. - „Адидас“ од овој момент го прекинува своето партнерство со Руската фудбалска федерација, соопшти попладнево германската компанија, чија соработка со руската страна датира од 2008 година. Во фудбалска смисла, одлуката на „Адидас“ значи продолжување на суспензијата која деновиве на рускиот фудбал на меѓународна сцена ја изрекоа ФИФА и УЕФА. Според податоците од 2020 година, околу 2.9 отсто од приходите на „Адидас“ доаѓале од Русија, Украина и останатите земји од овој дел на источна Европа. ег/паг/

Остани поврзан