Адетокунбо се искачи на првото место во историјата на Милвоки по одиграните натпревари
- Грчкиот кошаркарски репрезентативец Јанис Адетокунбо стана играч со најмногу натпревари во историјата на Милвоки. Тој досега има 712 натпревари за Бакс.

Милвоки, 20 март 2023 (МИА) – Грчкиот кошаркарски репрезентативец Јанис Адетокунбо стана играч со најмногу натпревари во историјата на Милвоки. Тој досега има 712 натпревари за Бакс.
Рекорден за грчкиот играч беше натпреварот со Торонто (118:111) одигран ноќеска на домашен терен.
Големата НБА-ѕвезда го помина Јуниор Бриџмен кој кариерата ја заврши со 711 натпревари за Милвоки.
Од сегашните играчи на Бакс, Крис Мидлтон е на 4. место на вечната листа со 651 натпревар.
Дваесет и осумгодишниот Адетокунбо води во историјата на клубот и по асистенции (3. 332), блокади (901) и поени (16. 071) во клупската историја. зс/
Фото: ЕПА