• четврток, 20 февруари 2025

Адетокунбо: САД против остатокот од светот би бил најинтересен формат за Ол-стар

Адетокунбо: САД против остатокот од светот би бил најинтересен формат за Ол-стар

Милвоки, 18 февруари 2025 (МИА) – Големата НБА-ѕвезда Јанис Адетокунбо има интересен предлог за тоа како да се реши проблемот со НБА Ол-стар натпреварот.

-САД против остатокот од светот е најинтересниот и највозбудливиот формат. Дефинитивно би го сакал тоа. Не само што би ми се допаднал, туку би било и прашање на чест. Секогаш излегувам таму да се борам, но оваа поставеност ќе ми даде малку повеќе енергија за учество. Да се ​​игра со Јокиќ, Дончиќ, Таунс, Вембењама, Шенѓун, против најдобрите кошаркари во САД би било забавно. Мислам дека ова ќе биде најдобриот формат, изјави Адетокунбо. 

Ревијалните мечеви на собирот на сите ѕвезди последните неколку години се критикувани поради недостигот на желба и мотивација кај кошаркарите. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан