• среда, 27 ноември 2024

Адетокунбо: Би било одлично да бидам знаменосец на Олимпијадата во 2024 година

Адетокунбо: Би било одлично да бидам знаменосец на Олимпијадата во 2024 година
Милвоки, 12 октомври 2022 (МИА) - Суперѕвездата на Милвоки и Грција, Јанис Адетокунбо изрази желба да биде знаменосец на грчката делегација на Олимпијадата во 2024 година. - Ќе имаме две добри шанси да освоиме медали - на Светското првенство и, се надевам, на Олимписките игри. Ние изградивме посебен тим. За Бакс играм 10 години, но да носам репрезентативен дрес е посебна чест. Можеби е повозбудливо, им носиме радост на милиони фанови. Никогаш во животот не сум почувствувал толкава љубов од целиот свет. Навивачите не следеа каде и да одевме. Од Мадрид каде одигравме пријателски натпревари до Милано и Берлин каде се одржа Евробаскетот. Како што напишав на социјалните мрежи, ова лето повторно се заљубив во кошарката. Би било одлично да бидам знаменосец на Олимпијадата во 2024 година, но пред тоа мораме да направиме нешто за да го постигнеме тоа, изјави Јанис. Дваесет и седумгодишниот Адетокунбо кој е по потекло од Нигерија, со Милвоки бакс во 2021 година ја освои НБА-лигата. Истата сезона тој беше прогласен за МВП во најсилната кошаркарска лига на светот. зс/

Остани поврзан