• среда, 27 ноември 2024

Адеми на КОСАК конференција во Прага

Адеми на КОСАК конференција во Прага
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска во Прага имаше говор посветен на европската перспектива на Западен Балкан и на земјите од Источното партнерство во рамки на вториот ден од конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ - КОСАК. Како што соопшти собраниската прес-служба, Адеми ја нагласи важноста на процесот на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, како една од најсилната геополитичка и безбедносна алатка за зачувување на стабилноста и поттикнување на просперитетот. Адеми, како што се наведува, соопшти дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да продолжи во насока на одвивање на преговарачкиот процес на Северна Македонија и Албанија, потенцијален кандидатски статус на Босна и Херцеговина и на Косово, напредок во пристапните преговори на Црна Гора и Србија во ЕУ и создавање на одржлив однос на западните институции со Украина, Молдавија и Грузија. За дијалогот меѓу Косово и Србија, Адеми смета дека треба да се постигне финален договор со меѓусебно признавање меѓу двете земји. Во однос на нашите евроинтегративни процеси Адеми истакна дека Северна Македонија го одбележа долгоочекуваното отворање на преговорите и дека земјата си постави за цел до 2030 година да завршат преговорите за ЕУ членство. Адеми за руската воена агресија на Украина рече дека претставува опасност која може да влијае на поделба и дестабилизирање на Европа и дека е потребно да се зачувува единството на ЕУ и давање на заеднички одговор. Притоа ја нагласи нашата целосна поддршка на политиката на солидарност со украинскиот народ, која ја спроведуваат земјите членки на ЕУ во однос на давањето на секаква помош, како и во однос на преземените мерки на санкции кон Русија. Во расправата, како што се наведува, беше осудена руската агресија против независна Украина, која покажа на најтрагичен начин колку е важно проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и земјите од Централна и Источна Европа за безбедноста, мирот, единството, демократската трансформација и економскиот просперитет на целиот континент. мд/са/

Остани поврзан