• вторник, 24 декември 2024

Адвокат од Флорида поднесе тужба против Трамп, го оспорува правото повторно да се кандидира за претседател на САД

Адвокат од Флорида поднесе тужба против Трамп, го оспорува правото повторно да се кандидира за претседател на САД

Мајами, 26 август 2023 (МИА) - Адвокатот од Флорида, Лоренс Каплан, поднесе тужба до сојузниот суд со која го оспорува правото на поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно да се кандидира за претседател на САД во 2024 година. 

Во тужбата адвокатот се повикува на 14-тиот амандман на американскиот Устав и одредбата која наведува дека оние кои учествувале во бунт против владата не можат да бидат на функција, пишува весникот „Палм Бич пост“. 

„Заклучокот е дека претседателот Трамп истовремено учествувал во бунт и им помагал на други лица кои учествувале во такви акции“, се наведува во тужбата на Каплан. 

Според адвокатот,  Трамп „веќе нема право“ да се кандидира за која било функција во САД. 

-Тој е страшен тип на човек. Доколку биде претседател, мислам дека ќе бидеме на патот кон фашизам. Не постои закон што кажува дека мораме да останеме демократија засекогаш, наведе Каплан  во разговор за порталот „Хил“.

Поранешниот американски претседател се соочува со четири обвиненија, од кои две се однесуваат на наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година. сд/

Остани поврзан