• среда, 25 декември 2024

Адвокатите на Трамп побараа судење во април 2026 година

Адвокатите на Трамп побараа судење во април 2026 година

Вашингтон, 18 август 2023 (МИА) - Адвокатите на Доналд Трамп побараа од федералниот судија во Вашингтон да го одреди судењето на поранешниот претседател за април 2026 година поради обвиненијата дека тој наводно се обидел да ја поништи неговата загуба на федералните избори во 2020 година од демократот Џо Бајден.

Бараниот датум за судење ќе биде по американските избори во ноември 2024 година, на кои Трамп е главен кандидат за републиканска номинација.

-Јавниот интерес лежи во правдата и правичното судење, а не во брзањето со пресудата, напишаа адвокатите на Трамп.

Американскиот специјален обвинител Џек Смит, чија канцеларија го гони Трамп во случајот со федералните избори во 2020 година, минатиот четврток побара од американска окружна судијка да го одреди судењето за 2 јануари 2024 година. Тој датум е две недели пред првите гласања на републиканските претседателски прелиминарни избори во 2024 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан