• понеделник, 23 декември 2024

Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027

Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027, која има за цел подобрување на социекономската положба на младите и создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите потреби и интереси. Оваа стратегија ќе се изработува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) имаат чест да ве поканата на настанот што ќе го означи почетокот на нова Национална стратегија за млади 2023-2027. Процесот ги вклучува државните институции, единиците на локална самоуправа, граѓански организации, меѓународната заедница и сите други засегнати страни за младински политики. Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција по повод почетокот на изработка на Националната стратегија, посочи дека целта е дефинирање на стратешките приоритети, како што се младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, култура, здравје, претприемништво и поддршка при вработување, безбедноста. -Агенцијата за млади и спорт како носител на активностите за креирање на Национална стратегија за млади, низ инклузивен и транспарентен процес, заедно со младите, институциите, претставниците, службениците, младинските здруженија, организации и претставници на форуми за млади на локално ниво, ќе ги дефинираме стратешките приоритети во оваа област. Водечки принципи кои си применуваат во сите политики и активности, а се однесуваат на младите се еднаквост, недискриминација, учество, хоризонтален пристап, рече Мојсовски. Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт како институција одговара за психо-физичкиот развој на младите, младинското организирањ,е како и за политиките на млади во нашата држава. Исто така, посочи, Агенцијата вложува огромни напори во воспоставување на младинската инфраструктура, како и на овозможување на услови  за секој млад човек да може да се вклучи во процесите на носење на одлуки. -Владата покажа дека има демократски капацитет, остава и креира простор за младите и нивниот глас да допре до институциите, како и создавање на конкретна мерка, активност и реформа која ќе ја унапреди положбата на младиот човек и неговиот стандард, додаде Мојсковски. Според амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, младите луѓе се фундаментален дел од општеството и служат како агенти на промената како на локално, така и на национално ниво. -Затоа, младите мажи и жени се тие кои се носители на одлуките и дискутираат за прашања кои се однесуваат на младите, тие и мора да имаат исто место на масата. Ние треба активно да ги слушаме, да ги зајакнеме, да ги поттикнеме. Тие најдобро знаат кои се нивните приоритети, што ги загрижува, кои се нивните интереси, потреби и надежи, рече на денешната прес-конференцијата амбасадорот Клеменс Која. Напомена дека мисијата на ОБСЕ во Скопје работи за и со младите, во подрршка на националните и локалните власти за зајакнување на младинското учество и се ангажира за создавање на можности за интегрирање на младинската перспектива во позицитите и дијалогот за носење на политики. Ова, како што рече, се постигнува преку создавање ефективно младинско законодавство. -Ние сме активни на ова поле, и во соработка со Агенцијата за млади и спорт работиме создавајќи младински политики за младинско ангажирање, соработка и дијалог, додаде амбасадорот Клеменс Која.бт/  

Остани поврзан