• среда, 25 декември 2024

Агенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг на Србија на ниво од ББ+

Агенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг на Србија на ниво од ББ+
Белград, 20 март 2021 (МИА) - Агенцијата за кредитен рејтинг Фич го потврди кредитниот рејтинг на Србија на ниво на ББ + и ги задржа стабилните изгледи за негово натамошно зголемување, соопшти Министерството за финансии. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот за финансии Синиша Мали посочи дека уште еднаш се признати одличните економски резултати на Србија, постигнати пред и за време на пандемијата, се наведува во соопштението. - Ова потврдува дека сите економски мерки што ги презема Србија од почетокот на пандемијата на коронавирусот се успешно спроведени, како и претходните мерки за фискална консолидација. Големите шокови предизвикани од корона кризата се избегнати, ги задржавме работните места и државата со новите економски мерки продолжува да ги намалува последиците на минимум, изјави Мали. Во извештајот на агенцијата се наведува дека ефектите од кризата во Србија се значително ублажени со заеднички напори на Владата и Народната банка на Србија и пакетот мерки за монетарна и фискална политика, кои вклучуваат поддршка на домаќинствата, субвенции за плати, мораториум на отплата на кредити, намалување на каматните стапки и мерки за поддршка на ликвидноста во корпоративниот сектор. Според Министерството за финансии, Фич во својот извештај нагласува дека се одржува ниска и стабилна инфлација, релативна стабилност на девизниот курс, како и високо ниво на девизни резерви, кои на крајот на јануари 2021 година достигнаа 13,6 милијарди евра и ја нагласува улогата на банкарскиот сектор во намалувањето на шоковите предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Агенцијата очекува закрепнување на српската економија во тековната година и проценува дека ќе биде постигнат значителен економски раст дури од 5,2 отсто во 2021 година и 4,5 отсот во 2022 година, се додава во соопштението. об/

Остани поврзан