• среда, 27 ноември 2024

Агелер: Потребна е поголема храброст во борбата со корупцијата

Агелер: Потребна е поголема храброст во борбата со корупцијата

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер вечерва изјави дека е потребна поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Според неа, сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, имајќи предвид дека земјава се наоѓа во предизборен период.

- Потребна е храброст. Забележав… Знам дека на некои луѓе ова им е одвратно, но јас многу зборувам за ова. Ова е еден од тие аспекти за кои луѓето зборуваат, но некако се помирени со ситуацијата, рече таа во интервју за ТВ 21. 

 Во САД, дадава таа, често се вели дека во демократско општество луѓето ја добиваат владата што ја заслужуваат.

-Потребно е граѓаните да излезат на гласање, да поставуваат прашања и да бараат отчет од луѓето. Тука мислам на луѓето кои работат во владата и судството, рече таа.

На прашање, дали го заслуживме Специјалното јавно обвинителство, Агелер вели дека потребно е да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат „доста е“.

-Мора да постои постапка според која сите ќе одговараат. А за тоа дури и во судството е потребно да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат: „Доста е“. Ова е погрешно и јас нема да учествувам во тоа. Мора да се почне оттаму, рече Агелер.  

Во интервјуто американската амбасадорка истакнува дека САД вложува многу пари во македонското судство. 

-Многу пари се вложуваат, но кажете ми за резултатите, вели Агелер. ев/лв/

ФОТО: ТВ 21 Принтскрин 

Остани поврзан