• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Автомобил паднал во Радика, три лица загинати, едно повредено

Автомобил паднал во Радика, три лица загинати, едно повредено
Гостивар, 1 август 2022 (МИА) - Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар. Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика. Извори во МВР информираат дека патничко моторно возило „Рено“ со германски национални ознаки излетало од коловозот околу 16:50 часот. На местото на несреќата, првично починале три лица - две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на укажување лекарска помош. Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар. Засега сообраќајот на овој патен правец се одвива без ограничувања. згм/сп/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан