• среда, 21 јануари 2026

Австријката Шајб победи на велеслаломот во Кронплац

Австријката Шајб победи на велеслаломот во Кронплац

 

Кронплац, 20 јануари 2026 (МИА) – Австриската скијачка Јулија Шајб победи на денешната велеслаломска трка во Кроплац, во рамки на Светскиот куп.

Шајб до победата дојде со време од 2:19,85 минути, што беше за 0,37 секунди побрзо од второпласираната швајцарска скијачка Камила Раст.

Швеѓанката Сара Хектор, која водеше по првото возење, го освои третото место, заостанувајќи 0,46 секунди зад победничката.

Американката Микаела Шифрин беше четврта.

Денешната трка ја одбележа и враќањето на патеката на Италијанката Федерика Брињоне, девет месеци откако доживеа сериозна повреда. Таа ја заврши трката на шестото место.

Шифрин е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп со 973 бодови, додека во пласманот во велеслалом, Шајб е водечка, пред Раст и Хектор. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан