• понеделник, 23 декември 2024

Австрија одигра уште еден натпревар без да постигне гол

Австрија одигра уште еден натпревар без да постигне гол
Виена, 6 јуни 2021 (МИА) – Првиот противник на македонската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство, селекцијата на Австрија, одигра 0:0 во денешниот пријателски натпревар со Словачка. Австријците на домашен терен не успеаја да постигнат погодок, исто како пред неколку дена кога загубија на гостувањето во Англија со 1:0. На дуелот со Словачка, австриската репрезентација играше со состав: Бахман, Улмер, Алаба (Шауб, 46), Хинтерегер, Линхарт, Тримел (Пош, 78), Забицер (Лајмер, 46), Лазаро (Грегорич, 78), Грилих, Баумгартнер (Илзанкер, 54), Калајџиќ (Арнаутовиќ) , 64). На Евро 2020, Австријците покрај со Македонија (13 јуни) ќе игра и со репрезентациите на Украина и Холандија. Словаците ќе се сретнат со Шпанија, Шведска и Полска. зс/

Остани поврзан