• вторник, 24 декември 2024

Австрија го укинува предупредувањето за патување во Ломбардија

Австрија го укинува предупредувањето за патување во Ломбардија
Виена, 15 јули 2020 (МИА) - Австрија од полноќ го укинува највисокото предупредување за патување во италијанската провинција Ломбардија, соопшти Министерството за надворешни работи. Од четврток, Австријците ќе можат повторно да патуваат во Ломбардија, без карантин по враќањето во земјата. „Епидемиолошката состојба во Ломбардија и дозволи на Австрија да го преземе овој чекор“, се наведува во соопштението на Министерството. Во исто време, во Италија останува на сила предупредувањето за ниво 4, што овозможува слобода на патување. Сепак, ништо не е променето кога станува збор за предупредувањето од највисоко ниво за патување - ниво 5 и 6, кое подразбира две недели карантин или негативен ПЦР тест при враќање од 32 земји низ целиот свет. Меѓу овие земји се сите од Западен Балкан. паг/

Остани поврзан