Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
- Федералниот канцелар и лидер на Австриската народна партија, Карл Нехамер го прифати од сојузниот претседател Александар Ван дер Белен мандатот за формирање влада.
Виена, 22 октомври 2024 (МИА) - Федералниот канцелар и лидер на Австриската народна партија, Карл Нехамер го прифати од сојузниот претседател Александар Ван дер Белен мандатот за формирање влада.
Канцеларот даде куса изјава за медиумите во која рече дека „ќе работи напорно за да формира стабилна федерална влада поддржана од широко мнозинство во Парламентот“.
Според Нехамер, за ова ќе биде потребен трет партнер.
„Политиката може да ја врати довербата „само ако постапува одговорно и го држи до зборот“, рече Нехамер.
Канцеларот ќе почне разговори со Австриската социјалдемократска партија (АСДП) во наредните недели. Тој истакна дека ова нема да биде последниот чекор, бидејќи „ќе биде потребен трет партнер“ за да се обезбеди стабилно мнозинство. Нехамер нагласи дека се уште не може да каже дека преговорите ќе доведат до формирање влада. рп/
Фото: ЕПА