• сабота, 21 декември 2024

Австриската банка Рајфајзен ја продаде својата подружница во Белорусија

Австриската банка Рајфајзен ја продаде својата подружница во Белорусија

Виена, 29 ноември 2024 (МИА) – Австриската банкарска групација Рајфајзен денеска соопшти дека ја продаде својата подружница во Белорусија на операторот Совен 1 Холдинг од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека и понатаму е критикувана поради нејзините активности во Русија.

- Тоа е важен чекор во нашата посветеност да ја намалиме нашата изложеност во Источна Европа, велат од банката, која останува активна во Русија и покрај повиците на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја напушти земјата.

Банката додаде дека има „негативно влијание од околу 830 милиони евра врз резултатите“, додека нејзината подружница Приорбанк е една од најважните банкарски институции во Белорусија.

Според годишниот извештај, Приорбанка е трета по големина банка во Белорусија со 940.000 клиенти.

Во јуни веќе нарушениот имиџ на Рајфајзен беше погоден со рекордна казна од повеќе од два милиони евра поради неконтрола во борбата против перењето пари. Банката ги отфрли тие обвинувања и поднесе жалба на казната.

Рајфајзен банка е присутна во Белорусија од 2003 година, а во Русија од 1996 година, каде што продолжувањето на нејзините активности беше осудено од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2022 година. јт/

 

Остани поврзан