• сабота, 23 ноември 2024

Австралија ја откажа средбата на „Четврката“ во Сиднеј поради отсуство на Бајден

Австралија ја откажа средбата на „Четврката“ во Сиднеј поради отсуство на Бајден

Канбера, 17 мај 2023 (МИА) – Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска изјави дека Самитот на „Четворката“ нема да се одржи во Сиднеј следната недела без американскиот претседател Џо Бајден, кој го одложи патувањето во Австралија поради разговорите за границата на долгот во Вашингтон.

Албанес најави дека лидерите на Австралија, САД, Индија и Јапонија ќе се сретнат на Самитот на Г7 во Јапонија овој викенд.

- Средбата на лидерите на четирите земји нема да се одржи во Сиднеј следната недела. Сепак, оваа дискусија меѓу лидерите на четирите земји ќе ја одржиме во Јапонија, наведе Албанес.

Но, можна е билатерална средба во Сиднеј со индискиот премиер Нарендра Моди. Австралискиот премиер не коментираше дали јапонскиот премиер Фумио Кишида сепак ќе го посети Сиднеј следната недела.

„Четворката“ е неформална група која промовира отворен индо-пацифички регион. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан