• среда, 27 ноември 2024

Австралиска фарма со рекорд за најголема боровинка во светот

Австралиска фарма со рекорд за најголема боровинка во светот

Коринди, 18 март 2024 (МИА) - Фарма кaj Коринди, Нов Јужен Велс, Австралија постави нов светски рекорд за најголемата одгледана боровинка. Овошјето набрано во ноември и чувано во замрзнувач, е широко речиси четири сантиметри, поточно 3,93 цм и тежи 20,4 грама, со што е повеќепати по голема од просечната боровинка.

Титулата претходно ја држеше бобинка од 16,2 грама одгледана во Западна Австралија. Се работи за нова сорта, развиена од „Коста груп“ за потребите на потрошувачите на поголеми бобинки. Стручњакот Бред Хокинг вели дека сортата „Етерна“ дава поголеми плодови, но не секаде.

- Овошјето очигледно беше со рекордна големина. Можевме да набереме 20 или повеќе бобинки тоа утро, што би го соборилe претходниот рекорд. Боровинките традиционално се јадат за појадок. Но, вкусот и цврстината се тука - навистина се убаво крцкави и (имаат убав) мирис, изјави Хокинг.

По 12 недели, бобинката е вклучена во Гинисовата книга на рекорди. Тимот научници одлучи да го зачува овој примерок и дека тој не е за јадење. Тој тврди дека бобинкиве, иако големи, не влијаат значително на вкусот на самото овошје.  си/ссм/

Фото: „Коста груп“

Остани поврзан