• четврток, 07 ноември 2024

Аврамовска Мадиќ: Досега нема предмет за екстрадиција на осудените за „Диво насеље“

Аврамовска Мадиќ: Досега нема предмет за екстрадиција на осудените за „Диво насеље“

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Сите осудени лица кои се странски државјани можат да бараат трансфер во матичната држава по Конвенцијата за трансфер на осудени лица со дополнителен протокол и со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и други закони кои ги регулира нашата држава, изјави заменик министерката за првада Викторија Аврамовска Мадиќ во врска со написите во косовските медиуми дека осудените за случајот „Диво насеље” ќе бидат екстрадирани во Косово.

- Сите тие осудени лица доколку поднесат барање во Министерството за правда се подготвува една документација во некои 10 чекори. Кога ќе се подготви документацијата потоа се разгледува за трансфер на тоа осудено лице дали постои можност. Нема ниеден предмет готов, подготвен дека е спремен за трансфер. Нема таков предмет во Министерството за правда. Потпис за трансфер нема ставено, рече Аврамовска Мадиќ во вечерашното гостување на ТВ24.  

Косовска „Коха“, повикувајќи се на Радио Слободна Европа, објави дека 13 затвореници од т.н. кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово.

„Коха“ наведува дека министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за нивното префрлање.

- Она што го добив од предметната документација и на која се повикаа вработените во администрацијата во рамките на министерството е дека дел од барањата не се целосни. Започнавме со процесот на комплетирање на документацијата, потоа една по една почнуваат фазите кои течат до моментот кога мора да се изврши нивното префрлање во затворите на Косово, изјавил Лога.сх/са/

Остани поврзан