• сабота, 23 ноември 2024

АВМУ: Осуда за проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР

АВМУ: Осуда за проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР
Скопје, 7 јули 2022 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР, за време на протестите. Улогата на медиумските работници при известување од настани со големо општествено значење и висок ризик е да документираат и пренесат информации кои се од јавен интерес. Затоа особено е важно да им се овозможи безбеден и непречен пристап, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки. Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се овозможи без закани и притисоци да ги извршуваат своите професионални активности – навремено и сеопфатно информирање на јавноста. АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан