АВМУ: Го осудуваме вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М
- Скопје, 22 август 2023

Скопје, 22 август 2023
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М, како и упатените закани кон нив за време на снимањето инсерти во Скопската чаршија.
Сите видови на напади врз медиумските работници се апсолутно неприфатливи и во ниту еден момент нивната безбедност не смее да биде доведена во прашање. Заканите по живот, претставуваат сериозно дело и оние кои го прекршуваат законот треба да бидат соодветно санкционирани со цел да се превенираат вакви и слични дела во иднина.
Како и во повеќе наврати досега, Агенцијата посочува дека е неопходно да се овозможат услови за безбедно и професионално извршување на работните задачи на претставниците на медиумите.
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива