• четврток, 26 декември 2024

„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за ковид-19

„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за ковид-19
Број на објава:642/12/20 Датум: 01.12.2020                                                                Клучни зборови:Авицена лабораторија                                         Авицена лабораторија уште од самиот почеток на пандемијата постојано вложува во своите капацитети, сѐ со цел на своите пациенти да им овозможи максимална безбедност и најквалитетна услуга по светски стандарди. Лабораторијата во изминатите неколку месеци обезбеди нов и целосно одвоен простор за прием на пациенти за ковид-19, комплетно физички одвоен од останатиот простор на лабораторијата, со површина од 260m², а оствари и повеќе инвестиции во моќни системи за вентилација, дезинфекција, заштитна опрема, најнова технологија за обработка на материјали. Најново во „Авицена лабораторија“ е високософистициран робот за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во државата. Овој новитет ѝ овозможува на лабораторијата зголемен капацитет на обработка на материјали за ковид-19, со целосно автоматизирана и брза постапка за обработка на резултати, за прецизни и објективни резултати, во кои е исклучена каква било можност од грешка од човечки фактор. Овој робот е единствен од ваков тип во нашата држава, но се користи во многу лаборатории низ Европа и светот. Покрај ова, лабораторијата за своите тестови за ковид-19 врши целосна внатрешна контрола на квалитетот, како и месечна надворешна контрола на квалитетот од реномираниот институт INSTAND Германија, што претставува гаранција за точни и прецизни резултати.   Погледнете повеќе на видеото:   https://www.youtube.com/watch?v=vmVrbx1mQRQ&feature=emb_title     МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан