Авганистанскиот заменик министер за здравство преживеа атентат
- Атентат е извршен денеска врз авганистанскиот заменик министер за здравство Вахид Маџро, во кој не е повреден, објави лондонски Гардијан.

Кабул, 23 мај 2020 (МИА) - Атентат е извршен денеска врз авганистанскиот заменик министер за здравство Вахид Маџро, во кој не е повреден, објави лондонски Гардијан.
Маџро тргнал во посета на авганистанска провинција, со цел да се увери дали медицинската помош е достапна до секој кому е потребна, но враќајќи се назад, на влезот во Кабул, еден вооружен напаѓач отворил оган врз неговото возило.
- Јас сум лекар и немам ниту воени, ниту политички цели. Не патувам со обезбедување и не знам кој ме нападна, изјави заменик министерот за здравство по враќањето во Кабул. гт/