• сабота, 23 ноември 2024

Абхиманју Мишра со 12 година стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот

Абхиманју Мишра со 12 година стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот
Будимпешта, 1 јули 2021 (МИА) - Американскиот шахист Абхиманју Мишра стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот. Тој ја освои титулата на возраст од 12 години, 4 месеци и 25 дена. Вчера, на турнирот „Везеркепжо ГМ Микс“ во Будимпешта, Мишра ја освои последната, трета норма за титулата велемајстор. Тој исто така ја надмина потребната бариера за рејтинг поени од 2500 ЕЛО. Тој го сруши рекордот на Русинот Сергеј Карјакин стар 19 години. Карјакин стана велемајстор на 12 август 2002 година на возраст од 12 години и седум месеци. Мишра (роден на 5 февруари 2009 година) е индиско-американски шаховски вундеркинд од Њу Џерси. Уште на 7,5 години го собори рекордот на Шаховската федерација на САД за најмлад Експерт заработувајќи рејтинг 2000. Потоа, тој го сруши рекордот на САД во шах за најмлад Национален мајстор заработувајќи рејтинг 2200 - на возраст од 9 години, 2 месеци и 17 дена. Го држи и светскиот рекорд за најмлад Интернационален мајстор, титула која ја заработи во ноември 2019 година на возраст од 10 години, 9 месеци и 20 дена. ФИДЕ му ја додели титулата во февруари 2020 година. зс/

Остани поврзан