• вторник, 24 декември 2024

Демонстрантите се обидоа да ја окупираат зградата на јавниот сервис на Абхазија

Демонстрантите се обидоа да ја окупираат зградата на јавниот сервис на Абхазија

Сухуми, 18 ноември 2024 (МИА) - Група луѓе синоќа се обиделе да упаднат во зградата на абхазискиот Јавен сервис и радио компанијата во Сухуми, а безбедносните сили ги избркале со предупредувачки истрели, соопшти Информативниот центар на претседателот на грузиската покраина Абхазија, Аслан Бжанија. 

„По полноќ, на 18 ноември 2024 година, се случи инцидент пред зградата на Абхазискиот јавен сервис и радио компанија (AGTRK). Група луѓе, најверојатно од редовите на опозицијата, дошле во просториите на телевизијата со цел да се воспостави контрола врз радиодифузијата“, се наведува во соопштението.

Се додава дека обезбедувањето „било принудено да испука предупредувачки истрели“.

„Тоа доведе до стабилизирање на ситуацијата и го спречи развојот на конфликтот“, се наведува во соопштението.

Судирите меѓу безбедносните сили и приврзаниците на опозицијата започнаа во саботата во близина на зградата на Парламентот, а демонстрантите побараа оставка од претседателот Бжанија, откако тој одлучи да го повлече нацрт-законот за ратификација на инвестицискиот договор со Русија.

Демонстрантите потоа ја презедоа контролата врз зградите на Парламентот, кабинетот на министри и претседателската администрација во главниот град Сухуми, а над влезот на Парламентот ги закачија знамињата на Абхазија и Русија. паг/

Фото: Јаху

 

 

Остани поврзан