• четврток, 25 јули 2024

Абрахам се враќа за Рома по речиси 300 дена

Абрахам се враќа за Рома по речиси 300 дена

Рим, 17 март 2024 (МИА) - Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам е пред враќање на теренот по долго отсуство. Фудбалерот на „волчицата“ имаше тешка повреда на коленото, која ја заработи уште минатата сезона.

Добрите вести станаа јасни откако тренерот Даниеле Де Роси го објави составот на располагање за овој натпревар, а Абрахам беше вклучен во составот и беше ставен на клупата за резерви.

Центарфорот беше опериран на коленото на крајот на минатата сезона. Тој беше надвор од терените речиси 300 дена и на Инстаграм објави видеа како го гледа тимот од трибините на стадионот Олимпико.

Досега Абрахам на 107 натпревари за Рома постигна 36 голови и имаше 12 асистенции.дс

Фото: Фејсбук/Рома

Остани поврзан