• понеделник, 23 декември 2024

Абот: Тексас продолжува да ја гради бариерата на границата со Мексико

Абот: Тексас продолжува да ја гради бариерата на границата со Мексико

Остин, 27 февруари 2024 (МИА) - Гувернерот на Тексас, Грег Абот, соопшти дека Националната гарда на оваа американска сојузна држава продолжува да ја гради бариерата на границата меѓу САД и Мексико.

„Националната гарда на Тексас продолжува да ја гради препреката за да го оневозможи нелегалниот влез на мигрантите. Федералниот закон бара од администрацијата на Бајден да го направи тоа, но таа не го прави тоа. Затоа Тексас ја гради бариерата", напиша Абот на социјалната мрежа Х.

Во последните месеци голем број илегални мигранти се обидоа да влезат во САД преку мексиканската граница, што предизвика спор меѓу Тексас и федералните власти во Вашингтон.

Кон крајот на јануари, Врховниот суд на САД донесе одлука да им дозволи на агентите на американската гранична патрола да ја отстранат жичаната бариера што властите во Тексас ја поставија долж границата со Мексико за да спречат нелегални гранични премини.

И покрај ова, властите во Тексас продолжија да ја градат бариерата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан