• вторник, 24 декември 2024

Абе: Во тек е истрага за финансирање на спорната вечера

Абе: Во тек е истрага за финансирање на спорната вечера
Токио, 24 ноември 2020 (МИА) - Поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе денеска призна дека во тек е истрага за спорните трошоци за вечера подготвена од неговиот кабинет за неговите приврзаници. Абе ова го изјави како одговор на извештаите објавени вчера дека Окружното јавно обвинителство во Токио разговарало со неговите соработници во врска со скандалот. Досега никој од неговите соработници или приврзаници не е уапсен. Абе, кој е на власт скоро осум години, поднесе оставка во средината на септември, како причина наведувајќи го лошото здравје, но некои критичари велат дека скандалот можеби бил причина. Скандалот е поврзан со годишната вечера од 2018 година, за која гостите на Абе платиле 5.000 јени (48 американски долари). Пратениците од опозицијата велат дека цената е прениска за вечера во луксузен хотел во Токио и дека канцеларијата на Абе наводно ја покрила разликата без соодветно да ја пријави. Јапонскиот закон им забранува на политичарите да даваат подароци на гласачите. Абе негираше дека сторил нешто лошо. паг/  

Остани поврзан