АБА: Гостински пораз на МЗТ Скопје од ФМП
- Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар во регионалната АБА лига, откако вечерва на гостувањето во Белград загуби од ФМП со 101-97.

Белград, 18 ноември 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар во регионалната АБА лига, откако вечерва на гостувањето во Белград загуби од ФМП со 101-97.
Во натпревар со многу осцилации во играта, МЗТ на два пати се враќаше од двоцифрена негатива во финишот на двете полувремиња, но на крајот не успеа да го изненади фаворитот и да ја забележи втората победа.
МЗТ Скопје со поразот остана на претпоследното место на табелата, а во следното коло во АБА лигата ќе го пречека Мега Баскет на 27 овој месец во салата „Јане Сандански“. ег/мд/